Ekip
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА
Минаа 6 години од руската нелегална анексија на Украинската автономна Република Крим, сместена на горниот брег на Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кримскиот полуостров низ историјата беше еден од стратешките цели на Русија, а кримските Татари кои живеат во овој регион и историјата беа изложени на руски притисоци.

Татковината на кримските Татари низ историјата е анексирана на двапати, и во двата случаи дојде до намалување на населението, односно бројот на Татари на тоа подрачје.
Кримските Татари беа изложени на егзодус и приселни миграции поради притисокот вршен врз нив низ историјата од страна на кралицата Катерина II, од лидерот на Советскиот Сојуз Јосиф Сталин и актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин.