Nuri Aydın
11 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ПЕКИНГ
Кинеските власти соопштија дека 21 рудар останале заглавени откако надојдена вода поплавила рудник за јаглен во кинескиот автономен регион Синџијанг во кој живеат Ујгури, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеските власти соопштија дека рудникот за јаглен, што се наоѓа во местото Хутуби во ујгурскиот регион, е поплавен во утринските часови.
Во рудникот се наоѓале 29 рудари, а досега се извлечени 8-мина од нив, додека 21 останале заглавени под земјата.
Започната е истрага за инцидентот, а властите вложуваат напори за спасување и извлекување на рударите што се заглавени во рудникот.
На 19 јануари оваа година во Кина се случи експлозија во рудник за злато во која животот го загубија 10 лица.
Кинеската Национална управа за безбедност на рудници на 19 јануари објави дека е решено да се спроведе темелна проверка на 32.000 рудници со цел спречување на понатамошните несреќи во рудниците, но оваа одлука не ги опфаќа рудниците за јаглен.