Oktaj Omeragikj
14 Ноември 2025•Ажурирај: 17 Ноември 2025
АРИШ (АА) - Осумнаесеттиот „Брод на добрината“, испратен во Газа од турската Црвена полумесечина, пристигна во египетското пристаниште Ариш носејќи приближно 800 тони хуманитарна помош, известува Анадолу.
Бродот, кој во пристаништето беше пречекан од претставници на АФАД и турската Црвена полумесечина, за жителите на Газа донесе зимски ќебиња, основна храна и хуманитарна помош.
Бродот, кој исплови од турското пристаниште Мерсин на Медитеранот, во помошта наменета за зимски услови носи и 7.500 ќебиња и 50.000 семејни пакети со храна доволни за месечните потреби на едно домаќинство.
Претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз, при испраќањето на 18. „Брод на добрината“ истакна дека Газа „останува рана на совеста на човештвото“ и додаде дека организацијата ќе продолжи да праќа помош.
Хуманитарната помош на турската Црвена полумесечина од египетското пристаниште Ариш со камиони ќе биде пренесена за натамошна дистрибуција во Газа преку граничните премини.