Muhammed Bilal Kenasari
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Подолг период, правните процеси на училиштата во САД што се поврзани со терористичката организација на Фетула (ФЕТО), ги следи директорот на адвокатската канцеларија „Амстердам и партнерите ЛЛП“, Роберт Амстердам. Тој изјави дека доколку до 1 јули 2017 година не се спроведат зададените обврски, ќе бидат затворени три училишта на ФЕТО во Лос Анџелес. Амстердам додаде дека управителите на училиштата им кажуваат невистини на родителите на учениците тврдејќи дека го добиле спорот и дека спорот е решен, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот Амстердам во разговор за Anadolu Agency зборуваше за одлуката на Образовниот одбор на Лос Анџелес да не се обновуваат договорите со трите училишта на „Магнолија“ со кои таа има склучено договор за користење.
„Доколку не ги исполнат барањата за прикажување на потребната финансиска состојба до средината на 2017 година, училиштата ќе бидат затворени. Амстердам вели дека директорите на овие училишта ги бараат родителите на своите ученици, им соопштуваат дека проблемот е разрешен и кажуваат лаги велејќи им на родителите дека поднеле барање за обновување на договорите.
„Како и секогаш, на родителите отворено не им ја кажуваат вистината за случувањата“, вели тој.
Амстердам рече дека откако во медиумите им е дадено големо внимание на неправилностите што од правен аспект се извршуваат во училиштата во САД што се поврзани со ФЕТО, голем број родители дошле во адвокатската канцеларија и поднеле жалби против училиштата.
„Во моментов, голем број родители чии деца учат во уличиштата на „Магнолија“ нѐ бараат и нѐ информираат за случувањата во училиштата. Секој ден, сѐ поголем број родители и наставници нѐ бараат и нѐ информираат за проблемите со кои се среќаваат во училиштата на ФЕТО. Јас сѐ уште немам разговарано со некој од учениците, но можам да согледам дека во училиштата има сериозни проблеми. По состанокот за продолжување на договорот со едно училиште, некои директори на училиштата обвиниле некои од учениците и ги укориле бидејќи недоволно помагаат“, изјави Амстердам.
- „Како доаѓаат американските даноци во овие училишта?“
Директорот на адвокатската канцеларија „Амстердам и партнерите ЛЛП“, Амстердам истакна дека по одлуката да не се обноват договорите со училиштата на ФЕТО во Лос Анџелес, предмет на истрага од страна на власта станале и останатите училишта на ФЕТО.
„Сега сме во Тексас, а потоа ќе одиме во Илиноис. По неколку недели ќе заминеме во Њујорк. И во тамошните училишта ќе ги приложиме доказите и ќе покажеме како во овие училишта пристигнуваат парите од американските даноци“, рече директорот Амстердам.
Во неколку држави во САД продолжува истрагата околу изнајмените училишта поврзани со ФЕТО. Први тужби против активностите на изнајмените училишта во САД поврзани со ФЕТО поднесоа државите Калифорнија и Пенсилванија, а подоцна тужба поднесе и државата Тексас.
Во Калифорнија, во февруари, против 11 училишта на „Магнолија“ поврзани со ФЕТО во беше поднесена тужба од страна на Министерството за образование на Калифорнија за испитување на нивните финансиски трансакции.