Erbil Başay
09 Јули 2024•Ажурирај: 10 Јули 2024
БЕРЛИН (АА) – Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрејт, изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан не патувал во Русија и Кина во име на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.
Хебестрејт пред новинарите во Берлин изјави дека Орбан ја води тековната турнеја во својство на премиер на Унгарија, а не како претседател на Советот на Европската Унија.
„Отворени му се опциите за тие патувања, но не во име на ЕУ или како претседател на Советот на ЕУ“, рече Хебестрејт, додавајќи дека во име на ЕУ говорат високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и шефот на Европската комисија, Шарл Мишел.
Портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Катрин Дешауер, исто така, рече дека Владата очекува не само Унгарија туку и секоj мандатен претседавач со ЕУ зад себе да ги остави своите национални барања кога ќе ја преземат улогата.
Дешауер изјави дека со изненадување било забележано што Унгарија ја откажала денешната средба меѓу германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарт во Будимпешта.
„Сметаме дека би било подобро да се води дијалог и да се разменат мислења за ова прашање по некоординираната посета на Русија“, рече Дешауер.
Унгарскиот премиер Орбан на 1 јули го презеде шестмесечниот мандат на претседавање со Европската Унија и оттогаш се среќава со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.