Yusuf Özcan
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ПАРИЗ (АА) – Турција го подобри капацитетот на националната индустрија и во областа на вооружените беспилотни летала (SİHA) ја помина Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на францускиот весник „Л'Опинион“ (L'Opinion) се истакнува дека Турција ја реализирала операцијата „Пролетен штит“ со цел да се спречи одземањето на Идлиб од страна на режимот на Асад.
Истакнувајќи дека Турција извршила операција според стандардите на НАТО, весникот напиша: „Една недела, турската Армија драматично ги демонстрира способностите на вооружените беспилотни летала (SİHA). Турција 10 години го развиваше националниот индустриски капацитет. Турција во оваа област многу јасно ја помина Франција.“
Во веста се потенцира дека вооружените беспилотни летала (SİHA) се помали од тие што ги користи француската Војска, но се поевтини и поефикасни.
„Турција во моментот произведува вооружени беспилотни летала (SİHA) со помоќен капацитет“, се вели во веста и се додава дека турската Армија, благодарение на капацитетот, на електронското бојно поле може да реализира операции без да има поддршка од Русија.