свет

Турција потпиша два нови договора со Либија за изведување проекти од нова ера

- Договорите ги потпишаа турскиот министер за трговија Омер Болат, неговиот либиски колега Мухамед ал-Хувајџ и либискиот министер за транспорт Мухамед Салем ал-Шахуби на маргините на 5. Турско-африкански бизнис и економски форум во Истанбул.

Mücahithan Avcıoğlu  | 17.10.2025 - Обновена : 17.10.2025
 Турција потпиша два нови договора со Либија за изведување проекти од нова ера

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција и Либија денес потпишаа два нови меморандума за разбирање за склучување договори за изведување проекти од нова ера, објави турското Министерство за трговија, јавува Анадолу.

Договорите ги потпишаа турскиот министер за трговија Омер Болат, неговиот либиски колега Мухамед ал-Хувајџ и либискиот министер за транспорт Мухамед Салем ал-Шахуби на маргините на 5. Турско-африкански бизнис и економски форум во Истанбул.

„Меморандумот за разбирање потпишан во областа на градежништвото е значаен за следење на побарувањата на нашите компании во Либија и претставува продолжение на состанокот меѓу делегациите одржан во Анкара минатиот септември“, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава дека договорот означува почеток на нова ера за турските изведувачи да придонесат за развојот на Либија преку преземање нови проекти.

Министрите истакнаа дека двете земји се посветени на зголемувањето на меѓусебната трговија, која во 2024 година достигна 3,7 милијарди долари, како и на проширување на деловниот обем на турските компании во Либија. Како потенцијални области за соработка беа издвоени енергетиката, рударството, обновливите извори на енергија, царината, банкарството и здравството.

Во соопштението се наведува дека меѓу најважните резултати од средбата се одлуките за организирање Инвестициски и бизнис-форум Турција–Либија, како и одржување на 22. седница на Заедничката економска комисија (КЕК) на 16 и 17 декември во Триполи.

Министрите, исто така, ја потпишаа Заедничката декларација за формирање Заедничката економска и трговска комисија (JETCO) и записникот од вториот состанок на Заедничката работна група Турција-Либија.

„И двата договора претставуваат патоказ за натамошна работа“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın