свет

Бројот на загинати во поплавите во Мексико се искачи на 66, напорите за спасување се во тек

– Продолжуваат напорите за спасување во градот Поза Рика, државата Вера Крус и другите погодени региони во Мексико по силните бури и обилните дождови што го зафатија тој дел од земјата

Aida Cako  | 17.10.2025 - Обновена : 18.10.2025
Бројот на загинати во поплавите во Мексико се искачи на 66, напорите за спасување се во тек

СКОПЈЕ (АА) – Продолжуваат напорите за спасување во градот Поза Рика, државата Вера Крус и другите погодени региони во Мексико по силните бури и обилните дождови што го зафатија тој дел од земјата, јавува Анадолу.

Според податоците на мексиканските власти, бројот на загинати во невремето се искачил на 66 лица, а 75 се водат како исчезнати или недостапни.

Во неколку региони сè уште има вонредна состојба.

Пет држави – од централниот дел на Мексико до источниот брег – се најтешко погодени од обилните врнежи и поплави.

Најтешка е состојбата во државата Вера Kрус, која беше најпогодена од невремето. Тамошните власти потврдија дека има 30 загинати и 18 исчезнати лица.

Во државата Идалго се регистрирани 21 смртен случај и 50 исчезнати, а во Пуебла има 14 загинати и седум исчезнати лица.

Во Керетаро е потврдена една жртва, а Сан Луис Потоси не пријавил жртви, но предизвикана e значителна материјална штета на инфраструктурата и домовите.

Федералната влада распореди воени сили за помош на погодените заедници, а во најпогодените области се поставени привремени засолништа.

Според мексиканската морнарица, досега се евакуирани најмалку 3.701 лице.

Државните институции и хуманитарните организации продолжуваат да доставуваат помош во засегнатите подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın