свет

„Турција може да им каже ’не‘ на Русија и САД, најмоќните земји во светот“

„Турција соработува многу умно со САД и Русија, двете најмоќни светски земји. Како што може да рече ’не‘ на Русија, така и на САД може да им каже ’не‘“, изјави поранешниот генерален секретар на Арапската лига, Амр Муса

Mahmut Geldi  | 24.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
„Турција може да им каже ’не‘ на Русија и САД, најмоќните земји во светот“

БЕЈРУТ (АА) - Поранешниот генерален секретар на Арапската лига, Амр Муса, рече дека Турција е умна земја, која може да им каже не на најмоќните земји во светот, Русија и САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Муса, гостувајќи во програмата „Ел Хикаје“ на Египетската телевизија МБС (MBC) говореше за Турција.

Истакнувајќи дека чекорите што се преземени од страна на Турција вклучуваат многу важни стратегии, Муса обрна внимание на односите што Турција ги има со САД и Русија.

Поранешниот генерален секретар Муса рече: „Турција соработува многу умно со САД и Русија, двете најмоќни светски земји. Како што може да рече ’не‘ на Русија, така и на САД може да им каже ’не‘.“

Осврнувајќи се на економската моќ на Турција, Муса нагласи:

„Турција е земја која од економски аспект може да каже јас сум најбогата земја во регионот. Не затоа што има одредени минерални ресурси, туку затоа што има една од најпознатите основни економии на светот. Покрај тоа што има голема економска инфраструктура, се наоѓа во многу важен центар помеѓу Русија и западните земји.“

Во врска со односите на Турција со Европската Унија (ЕУ), Муса рече дека и покрај тоа што Турција не е членка на Унијата има добри односи со ЕУ.

„Турција благодарение на врската со ЕУ постигна напредок во однос на економијата и управувањето“, истакна Муса и додаде: „Сите државни институции на Турција работат како во земјите на ЕУ. Турција на тој начин се разви и напредуваше.“

Муса во интервјуто, осврнувајќи се на присуството на Турција во регионите, рече дека Турските вооружени сили покрај во Заливот и Црвеното Море се наоѓаат и на југот на Медитеранот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın