Abidin Mutlu Bozdağ
09 Мај 2021•Ажурирај: 11 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“) го продолжи своето лидерство во Европа со 504 летови во просек реализирани на 6 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот за воздушен сообраќај на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (EUROCONTROL), „Туркиш ерлајнс“ на 6 мај реализирала во просек 504 летови, со тоа што зад себе ги остави своите европски конкуренти.
По „Туркиш ерлајнс“, на второто место се наоѓа „Ер Франс“ со 392 летови, додека на трето место се наоѓа „Луфтханза“ со 377 летови.
По нив, следуваат „Видерое“ (Wideroe) со 344 летови, КЛМ (KLM) со 304 летови, и „ДХЛ експрес“ со 293 летови.