Behlül Çetinkaya
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ИСЛАМАБАД (АА) – Премиерот на Пакистан, Имран Kан, во врска со кампањата за неговата номинација за Нобеловата награда за мир истакна: „Јас не сум достоен за Нобелова награда. Тој што ќе го реши кашмирскиот проблем во согласност со желбите на народот на Кашмир, ќе донесе мир на континентот, и тој што ќе го отвори патот за човечки развој ќе ја заслужи Нобеловата награда“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Kан во изјавата споделена преку социјалните медиуми нагласи: „Јас не сум достоен за Нобелова награда. Тој што ќе го реши кашмирскиот проблем во согласност со желбите на народот на Кашмир, ќе донесе мир на континентот, и тој што ќе го отвори патот за човечки развој ќе ја заслужи Нобеловата награда.“
Социјалните медиуми започнаа кампања поради тоа што премиерот Kан ѝ го предаде на Индија индискиот пилот на млазен авион, два дена откако беше срушен од страна на Пакистан.
Интернет-страницата „Change.org“ на која започнаа кампањи за номинирање на Kан за Нобеловата награда за мир, за 4 дена доби поддршка од 326.000 гласа.
Пакистанскиот министер за информации, Фавад Чаудри, од пакистанскиот Парламент побара на Кан да му се додели престижна награда.
Тензиите меѓу Индија и Пакистан во Кашмир ескалираа на 14 февруари, кога во бомбашки напад на парамилитарен конвој беа убиени 44, а ранети 20 индиски војници. Индија за нападот го обвини Пакистан, а официјален Исламабад ги отфрли обвиненијата и го осуди нападот. Индиските сили на 26 февруари извршија воздушни напади на кампот, кој се наоѓа на пакистанската страна на линијата на разграничување.
Тензиите ескалираа во средата кога пакистанската Војска сруши два авиона на индиската Војска кои го загрозија воздушниот простор на Пакистан. Од друга страна, три пакистански авиони влегле во воздушниот простор на Индија и предизвикале реакција кај индиските сили. Индиските медиуми тврдат дека Индија урнала еден пакистански борбен авион „Ф-16“.
Поради судирите во Кашмир, властите на Пакистан и Индија затворија поголем број аеродроми и воздушниот простор за цивилни летови. Пакистан соопшти дека дополнително го блокирал воздушниот простор за сите комерцијални летови.
Европската Унија, Турција, Германија, Велика Британија, Кина и Русија ги повикаа Индија и Пакистан на воздржаност.