Erdoğan Çağatay Zontur
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
СТОКХОЛМ (АА) - ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, убива, угнетува, уценува и експлоатира цивили и деца војници и врши етничко чистење, пренесува Anadolu Agency (AA).
„ПКК врши притисок врз Асирците, Арапите и Курдите кои не ги поддржуваат“, истакна Кара Хермез, челничката на Асирската федерација на Шведска, во нејзиниот напис под наслов „ЈПГ не е благослов од Бога“ во шведскиот дневен весник „Афтонбладет“ (Aftonbladet).
Написот на Хермез доаѓа откако лидерот на Левата партија во земјата, Joнас Сјостед, рече дека терористичката ЈПГ е „надеж за регионот, која има воспоставено структура што ги обединува сите етникуми“.
Таа му одговори на Сјостет дека Курдите исто така се спротивставуваат на убиствата, а во однос на прашањата во врска со правата на жените, рече: „Милитантните курдски групи научија да го експлоатираат прашањето за правата на жените затоа што на Западот постои борба за женските права.“
„Тие се вклучија во таквата борба за Западот да биде благонаколонет кон нив“, додаде таа.
„ЈПГ не ја победи терористичката ДЕАШ во Сирија“, нагласи Хермез, додавајќи: „Сириската армија главно се бореше против ДЕАШ во Сирија, но борбата против ДЕАШ беше покритие за експанзионистичката политика на ЈПГ во регионот.“
Турција нагласува дека терористичката организација ПКК и нејзините ограноци ЈПГ/ПДЈД претставуваат најголемата закана за иднината на Сирија, загрозувајќи го територијалниот интегритет и унитарната структура на земјата. Турција, исто така, потенцира дека поддршката на терористите под изговор за борба против ДЕАШ е неприфатлива.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.