Ahmet Dursun
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека им пружаат поддршка на диктаторите, злосторниците и на радикалите на Блискиот Исток, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател Доналд Трамп во синоќешното обраќање за состојбата на нацијата во Конгресот упати остри критики и закани кон властите на Иран, а шефот на иранската дипломатија брзо одговори преку Твитер.
„Додека Доналд Трамп ни упатува обвинувања, сите Иранци, вклучувајќи ги и нашите сограѓани Евреи, го прославуваат четириесетгодишниот напредок. Поради омраза кон Иран, САД ги поддржуваат диктаторите, злосторниците и радикалите кои го уништуваат нашиот регион“, порача Зариф.