Ekipa
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Делегација од претставници на војската на опозицијата во Сирија, на состанокот на земјите гаранти кој се одржа во Нур Султан, главниот град на Казахстан, истакнаа дека режимските сили на Башар ал Асад и неговите поддржувачи, напаѓајќи ја деескалационата зона во Идлиб, се обидуваат да го поткопаат процесот од Астана. Тие, исто така, повикаа да се заштитат цивилите изложени на нападите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на делегацијата се истакнува дека тоа што се случува во руралното подрачје на Хана претставува грубо кршење на Договорот од Астана од страна на режимот поддржан од Русија.
„Режимот и неговите поддржувачи се обидуваат да го уништат процесот од Астана, обидите за изнаоѓање политичко решение и сите други договори.“
Во соопштението, исто така, од меѓународната заедница се бара да ги заштитат цивилите кои се подложени на нападите на режимот и да се помага со леб, вода и лекови.
„Не само Турција, сите членови на меѓународната заедница треба да учествуваат во хуманитарните активности“, се нагласува во соопштението.
Се потенцира дека воената опозиција нема да се повлече назад и дека ќе продолжи да се бори против нападите на режимот.
- Последната состојба во деескалационата зона во Идлиб -
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4 и 5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25 и 26 април во Нур Султан, главниот град на Казахстан. Последните две недели тие продолжуваат со ист интензитет.
Изворите од Цивилната одбрана (Бели шлемови) соопштуваат дека од 25 април досега најмалку 118 цивили ги загубиле своите животи, и дека над 300 цивили се повредени.
Според Сириската мрежа за човекови права (SNHR) од Договорот за Идлиб, до денешен ден во областа се погодени 9 центри за цивилна одбрана, и најмалку 82 центри каде што живеат цивили (училишта, џамии, здравствени центри).