свет

Путин ја потврди поддршката на Русија за Венецуела во телефонскиот разговор со Мадуро

- „Владимир Путин изрази солидарност со венецуелскиот народ и ја потврди поддршката за политиките на Владата на Мадуро насочени кон заштита на националните интереси и суверенитет во услови на зголемени надворешни притисоци“

Elena Teslova  | 11.12.2025 - Обновена : 11.12.2025
 Путин ја потврди поддршката на Русија за Венецуела во телефонскиот разговор со Мадуро

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес ја потврди поддршката за Каракас во телефонскиот разговор со венецуелскиот колега Николас Мадуро, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Кремљ се вели дека Путин и Мадуро размениле мислења за прашања поврзани со натамошниот развој на односите во согласност со договорот за стратегиско партнерство и соработка што стапи на сила во ноември.

„Владимир Путин изрази солидарност со венецуелскиот народ и ја потврди поддршката за политиките на Владата на Мадуро насочени кон заштита на националните интереси и суверенитет во услови на зголемени надворешни притисоци“, се вели во соопштението.

Според соопштението, беше потврдена заедничката посветеност на доследното спроведување на заеднички проекти во трговско-економската, енергетската, финансиската, културно-хуманитарната и други сфери.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.