Faruk Zorlu
22 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека секој треба да ги избегне провокациите во Егејското Море, Медитеранот и Кипар, зашто во спротивно, цената би била тешка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите треба да знаат дека провокациите во Егејското Море, Медитеранот и Кипар, немаат ефект“, изјави Акар за време на посетата на оперативната команда на Турција во авганистанскиот главен град Кабул.
Акар рече дека Турција нема да толерира какви било нарушувања во нејзините територијални води, но исто така и во Кипар, истакнувајќи ја заштитата на правата на кипарските Турци во Егејското Море и Источниот Медитеран.
Акар вчера пристигна во Кабул, по дводневната посета на соседен Пакистан.