Ahmad Adil
28 Јануари 2026•Ажурирај: 29 Јануари 2026
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Утринава во индиската држава Махараштра се урна приватен авион, при што меѓу загинатите се наоѓа заменик-главниот министер на земјата, јавува Анадолу.
Авионот, во кој патувале Аџит Павар и други, се урна во градот Барамати, во Махараштра, соопшти јавниот радиодифузен сервис „Ол Индија радио“.
Освен Павар, на авионот имало четири лица, меѓу кои двајца членови на екипажот, а, според првичните информации, нема преживеани.
Премиерот Нарендра Моди рече дека „прераната смрт на Павар е многу потресна и тажна“.
„Тој беше почитуван како вредна личност на чело на службата на народот на Махараштра. Сочувство до неговото семејство и големиот број обожаватели“, наведе Моди на американската компанија за социјални медиуми X.
Тој рече дека неговите мисли се со сите што ги загубиле своите најблиски во несреќата.