свет

Петти случај на високо патогена авијарна инфлуенција откриен во Јужна Кореја

Птичјиот грип H5N1 е откриен на фарма во градот Хвасонг, на околу 60 километри јужно од Сеул, каде што се пријавени уште два случаја на птичји грип во последните пет години

Saadet Gökce  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
 Петти случај на високо патогена авијарна инфлуенција откриен во Јужна Кореја

ИСТАНБУЛ (АА) - Уште еден случај на високо патогена авијарна инфлуенција - АИ (птичји грип) е откриен денес во јужнокорејската покраина Гјонги, што е петти случај од септември, пренесува Анадолу.

Птичјиот грип H5N1 е откриен на фарма во градот Хвасонг, на околу 60 километри јужно од Сеул, каде што се пријавени уште два случаја на птичји грип во последните пет години, објави Јонхап њуз, повикувајќи се на Централниот штаб за управување со катастрофи.

Властите ќе спроведат специјални карантински инспекции на околу 230 фарми за несилки, каде што претходно се појавиле случаи на птичји грип, а мониторингот на возилата што ги посетуваат зафатените фарми, исто така, ќе се прошири со цел да се спречи натамошно ширење на болеста.

„Неодамнешните епидемии на птичји грип на живинарските фарми се потврдени неколкупати во јужниот регион Гјонги, но со зимските птици преселници што почнуваат да пристигнуваат во земјата и со високо патогените случаи на АИ што се откриваат кај дивите птици во шест различни региони, постои висок ризик од дополнителни епидемии насекаде низ земјата“, изјави Ли Донг-сик, претставник на Министерството за земјоделство задолжен за карантински политики.

Ли ги повика работниците во живинарските фарми и персоналот поврзан со нив да бидат внимателни и строго да се придржуваат кон мерките за карантин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.