Amir Latif Arain
12 Февруари 2026•Ажурирај: 18 Февруари 2026
КАРАЧИ (АА) - Пакистан денес го лансираше својот втор домашен сателит EO-2 од кинескиот крајбрежен центар за лансирање Јангѓанг, соопшти вселенската агенција на земјата, јавува Анадолу.
Сателитот ќе обезбеди клучни податоци за планирање и управување со ресурсите, покрај поддршката на управувањето, менаџирањето со катастрофи и стратегиското планирање, се вели во соопштението од кинеската Комисија за истражување на вселената.
Сателитот е меѓу седумте сателити пратени во планираната орбита преку ракетата-носач Смарт Драгон-3 (SD-3) од морето, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Комерцијалната ракета Смарт Драгон-3 беше лансирана од водите покрај брегот на Јангѓанг во јужната кинеска покраина Гуангдонг.
Пакистан го лансираше својот прв хиперспектрален сателит HS-1 од Центарот за лансирање сателити Џиукван во Северозападна Кина минатиот октомври.
Минатата недела Пакистан ги избра двајцата кандидати за Програмата за човечки вселенски летови на земјата од Центарот за астронаути на Кина.
Минатиот февруари Комисијата за истражување на вселената и Кинеската агенција за вселенски истражувања со екипаж (CMSA) потпишаа договор за соработка, според кој двајца Пакистанци ќе се обучуваат во Кина, а едниот ќе ѝ се придружи на мисијата на вселенската станица Тјангонг, управувана од Пекинг.