Lina Altawell
11 Март 2026•Ажурирај: 12 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Оман денес соопшти дека е соборен еден дрон, а друг паднал во морето северно од крајбрежниот град Дукм, додека воената ескалација меѓу Иран и САД продолжува да се разгорува, пренесува Анадолу.
Државната новинска агенција ОНА, повикувајќи се на безбедносни извори, соопшти дека во нападот не се пријавени човечки жртви или материјални штета.
Оман остро го осуди континуираното гаѓање на неговата територија, велејќи дека ги презема сите потребни мерки за да ја заштити безбедноста на земјата и на оние што живеат во неа.
Регионалната ескалација се интензивира од 28 февруари кога Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, а повредени се 10.000.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.