свет

Огромни количини нелегален отпад откриени во близина на реката Червел во Оксфордшир

Купот отпад, кој зафаќа околу 150 метри во должина и се издигнува околу 6 метри во висина, е снимен од дронот на Анадолу на подрачјето помеѓу реката Червел и автопатот А34

Elena Trenchevska Chekovic  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
 Огромни количини нелегален отпад откриени во близина на реката Червел во Оксфордшир Фото: Yunus Dalgıç/AA

СКОПЈЕ (АА) – Огромни количини нелегален отпад се откриени во близина на реката Червел во Оксфордшир, Велика Британија, што предизвикува загриженост за потенцијално загадување и неговото влијание врз околната средина, јавува Анадолу.

Купот отпад, кој зафаќа околу 150 метри во должина и се издигнува околу 6 метри во висина, е снимен од дронот на Анадолу на подрачјето помеѓу реката Червел и автопатот А34.

Огромните количини отпад предизвикуваа негодување кај жителите и активистите кои бараат итна акција.

Нелегалното одложување отпад останува постојан проблем во делови на Велика Британија, при што големи количини често се фрлаат на оддалечени подрачја и предели во непосредна близина на реките.

Локалните совети и агенциите за животна средина ги следат погодените области и ги координираат активностите за чистење на отпадот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.