Ekipa
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ИДЛИБ (АА) - Портпаролот на сириската опозициска група Ахрар ал-Шам, Мухамед Ебу Зејд, изјави дека цивилите биле цел на нападот со хемиско оружје, извршен од страна на режимот, во појасот Хан Шејхун, во областа Идлиб во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на опозициската група, во изјавата за АА рече: „Местото на нападот и соседните подрачја во појасот Хан Шејхун се места населени од семејства кои се засолнија во градот. На местото на нападот немаше ниедна од воените групи“.
Портпаролот Зејд изјави дека зад овој напад стои планот на режимот да го скрши отпорот на опозицијата, која напредува кон руралните делови на Хама.
Вчера, во утринските часови, режимот на Асад изврши напад со хемиско оружје во појасот Хан Шејхун, јужно од Идлиб. Во нападот животот го загубија најмалку 100 цивили, а петсотини беа затруени од хемикалиите.
Додека спасувачките екипи ги изведуваа активностите за спасување по нападот со хемиско оружје, авиони чие потекло не е познато, извршија напад на една болница и на Центарот за цивилна заштита.
Меѓународната заедница го осуди нападот, а донесена е одлука денес да се состане Советот за безбедност на ОН, во врска со нападот.