Afra Aksoy
25 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
РИЈАД (AA) - Саудискиот принц престолонаследник Мухамед Бин Селман изјави дека неговата земја ќе соработува со Турција во врска со случајот на убиството на новинарот Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе соработуваме со Турција за да се открие вистината за убиството на Кашоги", рече саудискиот принц Селман во обраќањето на панелот во рамките на инвестициската конференција која се одржува во Ријад.
„Владите на двете земји ќе покажат соработка за да извршителите бидат казнети", додаде тој.
Истакна и дека постојат страни кои сакаат да внесат раздор меѓу неговата земја и Турција.
„Некои, користејќи го овој тажен настан, сакаат да внесат раздор меѓу Саудиска Арабија и Турција. На нив сакам да им порачам: нема да успеете се додека во Саудиска Арабија постои крал кој се вика Селман Бин Абдулазиз, принцот престолонаследник Мухамед Бин Селман и во Турција претседателот Ердоган", рече саудискиот принц Селман.
На споматиот панел се обратија и принцот на Бахреин, Селман бин Хамад Иса ал Калифа и премиерот на Либан Саад Харири.