Ömer Aydın
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ПАРИЗ (АА) – Портпаролот на Владата на Франција, Бенжамин Гриво, по состанокот на седницата на Владата, даде изјави за медиумите.
Тој истакна дека истражувањата во врска со убиството на Џамал Кашоги продолжуваат и дека развојот на настаните го следат одблизу.
„Во случај на разјаснување на настанот, и добивање потврда од страна на нашите разузнавачки служби дека одговорноста е на Саудиска Арабија, санкциите нема да бидат ограничени само на продажбата на оружје“, истакна Гриво.
Францускиот претседател Емануел Макрон, во изјавата дадена минатата недела истакна дека Франција очекува разјаснување на случајот и дека потоа ќе заземат став.
Макрон вчера не одговори на прашањата во врска со примената на ембаргото за продажба на оружје на Саудиска Арабија.