Emre Başaran
05 Ноември 2023•Ажурирај: 05 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, порача дека неговата земја никогаш нема да ги остави сами своите браќа Палестинци во Појасот Газа кои се изложени на брутални израелски напади во изминатите месец дена, известува Анадолу.
„Наша должност е да ги спасите палестинските браќа од израелското угнетување и да го запреме крвопролевањето што се случува во Газа пред очите на светот“, рече Ердоган на собирот во турската област Ризе.
Претседателот на Туркије порача дека ќе продолжат и ќе ги интензивираат напорите за сочувување на мирот, како во рамките на својот регион, така и на подрачјето на пријателските земји, од Балканот до Кавказ и Блискиот исток.
„Нашата историска одговорност е да укажеме на злосторствата и оние кои го поддржуваат овој неморален, бескрупулозен, одвратен масакр во Газа“, порача Ердоган.