Abdel Razek Abdallah,Gülşen Topçu
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
АЛЖИР (AA) - Шефот на сириската дипломатија, Велид ал-Муалем, изјави дека сириските власти во Дамаск сакаат да ги поддржат иницијативи за политичко решавање на сириската криза, но само оние кои не вклучуваат странска интервенција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сириската влада не отстапила од идејата за политичко решавање на кризата и политичката транзиција, но тоа мора да го спроведат исклучиво сириските страни, без интервенција од било која од странските сили”, изјави сирискиот министер за надворешни работи Муалем, во текот на средбата со челниците на алжирскиот парламент во текот на неговата вчерашна посета на земјата.
Во пишаното соопштение на алжирскиот парламент се наведува дека Муалем одржал одвоени состаноци со претседавачите на двата дома на алжирскиот парламент, челникот на Горниот дом на Собранието, Абдулкадир бин Салих и шефот на Долниот дом, односно Народното собрание, Ал Араби Калифа.
Челниците на двата дома на алжирскиот парламент изразија загриженост поради ситуацијата во Сирија и предупредија дека целиот арапски свет мора да биде внимателен кога станува збор за новите планови на одредени кругови кои сакаат да го дестабилизираат тој регион, а во прв ред кога станува збор за терористите како непријатели на целото човештво.
Муалем претходно, вчера, се состана и со алжирскиот премиер Абделмалек Селал.