Muhammet Kurşun
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, истакна дека прогласувањето на Армијата на револуционерната гарда на Иран за „терористичка организација“ од страна на САД не е ништо повеќе од пропаганда и дека администрацијата на Вашингтон нема да сака да направи уште еден чекор, јавува Anadolu Agency (AA).
Рохани, во својот говор по седницата на Владата ја оцени одлуката на САД да ја прогласат Армијата на револуционерната гарда на Иран за терористичка организација.
Рохани, исто така, истакна дека САД во последните 40 години со сета своја моќ се спротивставувале на Иран и на Револуционерната гарда и дека тоа не е ништо ново.
„Одлуката на САД да ја стават Иранската револуционерна гарда на листата терористички организации не е ништо друго освен политички слоган и пропаганда. Со овој чекор сакаат да применат психолошки и економски притисок“, рече Рохани.
„Администрацијата на САД многу добро знае со што ќе се соочи ако направи чекор подалеку од слоганите. Затоа мислам дека нема да делува почетнички и нема да сака да направи уште еден чекор“, истакна иранскиот претседател.
Тој рече дека сите чекори на САД се во спротивност со меѓународните одлуки. „Вие во Израел давате поддршка на едно лице и на една партија, поради тоа се мешате во глупави работи. Велите дека Голанската Висорамнина е на Израел и војската на Иранската револуционерна гарда ја ставате на листата на терористички организации“.