свет

„Месџид ал Акса“ ќе се отвори за клањање во месец Рамазан

- Администрацијата на исламските фондации во Ерусалим соопшти дека „Месџид ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим оваа година ќе биде отворен за клањање во месец Рамазан

Esat Fırat  | 23.02.2021 - Обновена : 24.02.2021
„Месџид ал Акса“ ќе се отвори за клањање во месец Рамазан

ЕРУСАЛИМ 

Администрацијата на исламските фондации во Ерусалим соопшти дека „Месџид ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим оваа година ќе биде отворен за клањање во месец Рамазан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шејх Азам ал-Хатиб, претседател на Администрацијата на исламски фондации на Кудс, која потпаѓа под Министерството за исламски прашања и фондации на Јордан, во писменото соопштение го истакна ставот за месец Рамазан, што ќе започне кон средината на април.

Наведувајќи дека „Месџид ал Акса“ ќе биде отворен за клањање во текот на месецот Рамазан, Хатиб истакна дека Администрацијата на исламските фондации на Кудс е подготвена да ги преземе сите мерки против епидемијата од коронавирусот.

Администрацијата на исламските фондации на Кудс минатата година го затвори „Харем-и Шериф“ за клањање поради епидемијата од Ковид-19.

Секоја година во текот на месецот Рамазан просечно 10.000 муслимани клањаат во „Харем-и Шериф“, а во петоците оваа бројка се искачува до 150.000.

Иако има делумно намалување на бројот на случаи со почетокот на процесот на вакцинација против Ковид-19, епидемијата продолжува да се шири во арапските градови и градовите во Источен Ерусалим и Израел.

Израелските власти воведуваат строги ограничувања за пристигнувањето на Палестинците што живеат во окупираниот Западен брег и Појасот Газа во „Месџид ал Акса“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.