свет

Кина спаси 580 планинари од Монт Еверест

Планинарите и повеќе од 300 лица, меѓу кои локални водичи и одгледувачи на јак, безбедно пристигнаа во населеното место Куденг и околните подрачја

Islam Uddin  | 08.10.2025 - Обновена : 09.10.2025
 Кина спаси 580 планинари од Монт Еверест

АНКАРА (АА) - Кинеските власти спасија 580 планинари од источните падини на Монт Еверест, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

Планинарите и повеќе од 300 лица, меѓу кои локални водичи и одгледувачи на јак, безбедно пристигнаа во населеното место Куденг и околните подрачја, соопшти новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на локални владини претставници.

Во неделата, локалните медиуми објавија дека најмалку еден планинар загинал, а речиси 1.000 биле блокирани по ненадејната снежна бура што ги погоди Тибет и Ќингхај во текот на викендот и ги блокираше пристапните патишта, уривајќи ги и шаторите.

Во саботата навечер имаше обилни снежни врнежи во Дингри, погодувајќи ги планинарите на планинските патеки во близина на Куденг. Како одговор на тоа, Владата на округот Дингри брзо распореди тимови за итни случаи, со цел да ја обнови комуникацијата и да спроведе операции за помош во погодените зони.

Во неделата, властите во округот Дингри објавија привремено затворање на неколку туристички места, меѓу кои и живописната област на планината Ќомолангма, поради лошите временски услови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın