Fuat Kabakcı
13 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
ПЕКИНГ (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гинг Шуанг, на редовната прес-конференција одржана во Пекинг, во однос на зголемувањето на тарифите за даночна стапка од страна на Соединетите Американски Држави (САД) истакна дека Кина никогаш нема да потклекне на надворешните притисоци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние многу пати кажавме дека зголемувањето на даночните тарифи нема да реши ниту еден проблем. Кина никогаш нема да потклекне на надворешни притисоци“.
Гинг истакна дека Кина секогаш е способна и одлучна за заштита на своите правни интереси и дека се надева дека САД и Кина ќе најдат заедничко решение за решавање на проблемите врз основа на заемно почитување и рамноправност.
Портпаролот Гинг, упатувајќи повик до САД да направат напори за изнаоѓање на заедничко решение во интерес на двете земји, рече дека тоа би било во интерес на двете страни и во согласност со очекувањата на меѓународната заедница.
„Трговската војна“ меѓу САД и Кина зад себе остави една година. Кинескиот вицепремиер Лиу Хи, во четвртокот минатата недела отпатува во САД за да присуствува на состаноците за „Трговската војна“, но од преговорите се врати „со празни раце“. Дводневните преговори на кинеските и американските делегации беа неуспешни.
Министерството за трговија на Кина, во петокот реагирајќи на одлуката на САД за зголемување на даночната стапка од 10 проценти на 25 проценти за производите со потекло од Кина во вредност од 200 милијарди долари, рече: „Длабоко жалиме за тоа. Ќе мораме да ги преземеме потребните мерки како одговор на тоа“.
Степенот и обемот на одмаздата на Кина сè уште не е познат.
Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп, на социјалните мрежи напиша дека преговорите биле „искрени и конструктивни“ и додаде: „Во меѓувреме САД може да ги укинат санкциите во зависност од идните преговори, а може и нема“.