Seyit Aydoğan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
МОНТРЕАЛ (АА) - Судот во Канада осуди машко лице на девет години затвор бидејќи сакал да ѝ се придружи на терористичката организација ДЕАШ на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во канадскиот град Квебек го осуди 29 годишниот Исмаил Хабиб на девет години затвор поради обид за напуштање на земјата со цел пристапување кон оваа терористичка организација.
Судијата Серж Делисле изјави дека Хабиб многу добро ги познава целите и методите кои ги користи терористичката организација ДЕАШ.
„Осудениот вложувал напори за да пристапи кон ДЕАШ на подрачјето на Сирија“, изјави судијата.
Обвинителот Франсоа Бланшет изјави дека Хабиб навлегол во идеологијата на ДЕАШ, и дека поради тоа не се кае. Според неговите зборови, оваа одлука на судот претставува и јасна порака до оние кои размислуваат за придружување кон терористичката организација.
Адвокатот на Хабиб, Чарлс Монтпетит тврди дека неговиот клиент сакал да ја напушти земјата за да го посети семејството кое се наоѓа надвор од земјата. Монпетит исто така тврди дека не постојат докази оти Хабиб во потполност бил радикализирана личност, ниту дека тој претставува опасност за општеството.