Anees Suheil Barghouti
27 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денес објави дека ги направил сите потребни подготовки за повторно отворање на главниот граничен премин со Сирија за трупите на ОН, откако беше затворен четири години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Преминот е подготвен да биде отворен како што беше и порано“, изјави израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман за новинарите, за време на посетата на граничниот премин Кунејтра во окупираната Голанска Висорамнина.
Според зборовите на Либерман, еднаш кога преминот ќе биде отворен, земјоделците Друзи во Голан ќе бидат повторно во можност да ги продаваат своите производи во Сирија, додека жените Друзи ќе можат да преминат да се омажат во Сирија.
Во врска со палестинското прашање, Либерман ги негираше неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои ја нагласи својата поддршка за дводржавно решение за долготрајниот спор.
„Палестинската држава не ме интересира. Она што ме интересира е безбедноста на еврејската земја“, рече Либерман.