Mehmet Nuri Uçar
11 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
РАМАЛА (AA) - Од Здружението на палестински затвореници соопштија дека 60 отсто од палестинските деца-затвореници се изложени на тортура, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израел врши тортура врз палестинските деца-затвореници. 60 отсто од децата кои се наоѓаат во затворите се изложени на физичка и психичка тортура, т.е на физички напади, закани, психичко малтретирање, а се оставаат и без јадење и пиење“, се вели во соопштението на Здружението на палестински затвореници.
Според извештајот подготвен од страна на повеќе здруженија, меѓу кои и од Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 палестински затвореници, од кои 300 се деца, а 57 жени.