İbrahim Hamdi Hacıcaferoğlu
24 Април 2024•Ажурирај: 25 Април 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Пол О'Брајан, извршен директор на огранокот на Амнести интернешнал во Соединетите Американски Држави (САД), изјави дека Израел извршил воено злосторство во Газа користејќи американска муниција, јавува Анадолу.
Според истражувањето спроведено од Амнести интернешнал, израелската Армија извршила воени злосторства врз Палестинците во Газа.
„Затоа, ги повикуваме САД да престанат да испраќаат оружје што врши воени злосторства“, рече О'Брајан.
Тој им се заблагодари на членовите на американскиот Сенат и Претставничкиот дом кои гласаа против пакетите за помош за неколку земји, вклучувајќи го и Израел.