Fatih Hafız Mehmet
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи Европа да обезбеди финансиска помош за Турција, за да изгради градови во кои сириските бегалци ќе можат да се вратат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи вчера за унгарскиот телевизиски канал „Хир“ (Hir TV), Орбан изјави дека тие мислат и на унгарските национални интереси кога зборуваат за турската антитерористичка операција во североисточниот дел на Сирија.
Орбан изјави дека се очекува во текот на наредните недели Турција да донесе одлука за повеќе од 3 милиони сириски беглаци.
„Две работи можат да се случат во Турција. Надлежните институции во Анкара или ќе ги испратат овие луѓе назад во Сирија или ќе ги пратат на пат во Европа. Доколку се случи второто, овие луѓе ќе стигнат до јужните граници на Унгарија. Предлагаме Европската Унија да обезбеди пари за Турција да изгради градови во кои сириските бегалци ќе можат да се вратат“, изјави Орбан.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Целта на операцијата „Извор на мирот“ е подрачјето источно од реката Еуфрат, да се исчисти од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.