Yusuf Hatip
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, во врска со воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, рече дека ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини во пишана изјава најостро го осуди нападот на режимот на Асад со хемиско оружје во Дума.
Зборувајќи за интервенцијата во која САД, Велика Британија и Франција рано утринава бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад, Могерини порача:
„Овие мерки се преземаат за режимот на Асад повеќе да не го убива својот народ со хемиско оружје. ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје.“
Високата претставничка нагласи дека е длабоко изненадена од фактот што Меѓународната заедница сè уште е во дилема за тоа дали во нападот во Дума е користено хемиско оружје.
Могерини заклучи дека оние кои се одговорни за употребата на хемиско оружје треба да полагаат сметка и им порача првенствено на Русија и Иран да го искористат влијанието во иднина за да не доаѓа до употреба на хемиско оружје.