Ekipa
27 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Грчките власти во градот Мандра, недалеку од Атина, пронајдоа тело на уште едно лице, со што бројот на загинатите во поплавите што овој месец го погодија тоа подрачје се зголеми на 22, пренесува Anadolu Agency (AA).
Противпожарната бригада соопшти дека во местото Мандра, кое најмногу настрада во поплавите на 15. ноември, денес под наносите од кал било извлечено тело на машко лице.
За најсмртоносните поплави во Грција во последните неколку децении, властите го обвинија лошото урбанистичко планирање и несоодветните мерки за превенција од поплави.
Поплавите уништија околу 1.000 станбени и деловни објекти и повеќе стотици возила.