Ekipa
27 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Кралската палата на Велика Британија соопшти дека британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл се вериле, а свадбата е најавена за напролет 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веста беше соопштена од кабинетот на таткото на Хари, принцот Чарлс.
„Принцот од Велс со задоволство објавува дека принцот Хари и госпоѓицата Меган Маркл се верија. Венчавката ќе биде одржана на пролет 2018 година, а деталите ќе бидат соопштени дополнително“, се наведува во објавата.
Во соопштението се наведува дека парот се верил претходно овој месец и дека 36-годишната актерка ја запознала кралицата Елизабета II.
Триесетгодишниот принц Хари е петти во редот за британскиот трон.