Mesut Zeyrek,Bahattin Gönültaş
27 Февруари 2023•Ажурирај: 28 Февруари 2023
КЕЛН (АА) - Службениците во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија синоќа започнаа 24-часовен предупредувачки штрајк, што доведе до откажување на повеќе од 325 летови на двата главни аеродроми, јавува Анадолу.
Синдикатот „Вер.ди“ соопшти дека предупредувачкиот штрајк бил организиран на аеродроми, градинки, болници и комунални установи.
Од Управата на аеродромите Келн/Бон и Дизелдорф објавено е дека се откажани повеќе од 325 летови.
Работодавците понудија зголемување на платите за пет отсто за вработените во сојузните и локалните самоуправи и 2.500 евра еднократна помош, меѓутоа синдикатите понудата ја одбија како недоволна.
Синдикатите бараат зголемување на платите од 10,5 отсто или додатно зголемување од најмалку 500 евра месечно.
Продолжението на преговорите за платите е закажано за 27 март.