Murat Temizer
01 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Гаспром“ денеска објави дека во првите три месеци од 2022 година, обемот на извозот на нејзиниот природен гас изнесува 38,5 милијарди кубни метри, што е за 27,1 отсто помалку од истиот период минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во споменатиот период извозот на природен гас на компанијата во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален за 27,1 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесува 38,5 милијарди кубни метри“, соопшти „Гаспром“.
Оттаму велат дека производството на природен гас на компанијата во првите три месеци од годинава не е променето во однос на истиот период лани, но извозот е намален.
Според прелиминарните податоци, производството на природен гас на компанијата остана непроменето на 135 милијарди кубни метри.
Во соопштението се наведува дека компанијата го зголемила извозот во Кина, додека зафатеноста на подземните складишта на природен гас во Европа е на ниво од 26 отсто.