свет

Во Јордан започна трилатерален состанок за поддршка на обновата на Сирија

Трилатералните разговори се фокусираат на ситуацијата во Сирија, напорите за поддршка на реконструкцијата врз темелите што ги гарантираат безбедноста, стабилноста и суверенитетот на земјата...

Tarek Chouiref  | 12.08.2025 - Обновена : 12.08.2025
 Во Јордан започна трилатерален состанок за поддршка на обновата на Сирија Фото: Salaheddin Mohammad/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Аман започна трилатералниот состанок меѓу јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади, неговиот сириски колега Асад ал-Шајбани и американскиот пратеник во Дамаск, Томас Барак, соопштија јорданските медиуми, пренесува Анадолу.

Разговорите следуваат по одделните билатерални средби одржани претходно во текот на денот меѓу Сафади, Шајбани и Барак, пред заедничката седница.

Новинската агенција „Петра“ соопшти дека трилатералните разговори се фокусираат на ситуацијата во Сирија, напорите за поддршка на реконструкцијата врз темелите што ги гарантираат безбедноста, стабилноста и суверенитетот на земјата, како и начините за консолидирање на прекинот на огнот во јужната покраина Сувајда.

Ова е втора ваква средба за помалку од еден месец, по првата сесија што ја организираше Јордан на 19 јули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın