İslam Doğru
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ЊУЈОРК (АА) - Социјалната комуникациска мрежа „Ватсап“ (WhatsApp) поднесе тужба против израелската компанија за онлајн надзор „НСО груп“ (NSO Group), која ја користела за широка шпионажа услугата за пораки на компанијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста во „Њујорк тајмс“, во тужбата на „Ватсап“ (WhatsApp) до Федералниот суд се истакнува дека израелската компанија „НСО груп“ (NSO Group) преку апликацијата „Ватсап“ (WhatsApp) следела вкупно 1.400 луѓе, меѓу кои се и 100 новинари и активисти за човекови права.
Весникот во веста, исто така, даде простор и на соопштението од „Ватсап“ (WhatsApp).
Претставниците на „Ватсап“ (WhatsApp), истакнувајќи дека корисниците чии телефони биле хакирани се известени со приватна порака, посочија дека во поднесената тужба до Северниот окружен суд на Калифорнија исто така се бара „трајно да ѝ се забрани на израелската компанија за компјутерски надзор „НСО груп“ (NSO Group) да ги користи нивните услуги“.
„Каде и да се во светот за да се осигури да не бидат повредени човековите права и слободи, кибероружјето мора правно да се контролира“, се истакнува во соопштението на „Ватсап“ (WhatsApp).