Mehmet Alaca
20 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
БАНГКОК (АА) - „Амнести интернешнл“ информира дека Армијата на Мјанмар поставила мини во некои населени места во провинцијата Каја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачите на „Амнести интернешнл“ направија интервју со селани во областа каде што војската се бори со етничките вооружени групи. Избраната Влада беше соборена во февруари 2021 година.
Во извештајот е утврдено дека во најмалку 20 села во Каја поставени се мини и дека најмалку 20 луѓе ги загубиле животите. Голем број цивили ги изгубиле ектремитетите поради мините поставени околу куќите и црквите.
Мат Велс, претставникот на „Амнести интернешнл“, истакнувајќи дека Армијата поставила мини во градините на куќите, дури и на скалилата и околу црквата, нагласи: „Употребата на мини од страна на Армијата на Мјанмар е одвратно и немилосрдно.“
Групата за човекови права „Карени“ на почетокот на овој месец ја обвини војската дека поставила мини во селата и населбите во провинцијата Каја.
Фондот за деца на Обединетите нации, исто така, во јуни соопшти дека голем број деца загинале или се осакатени поради нагазните мини.
- Воен удар во Мјанмар
Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година, а како причина за државниот удар беше наведена измамата на општите избори во земјата одржани на 8 ноември 2020 година.
Пучистите ги притворија претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на Национална лига за демократија (НЛД), владејачката партија во земјата и прогласија вонредна состојба во траење од една година.
Од почетокот на протестите организирани против пучот па досега, во вооружената интервенција на безбедносните сили врз демонстрантите, животот го загубија 1.800 лица.
Од државниот удар досега се приведени околу 13.000 лица, а над 10.000 сѐ уште се држат во притвор.
Од друга страна, многу луѓе ги загубија животите, а десетици илјади луѓе беа раселени поради тековните судири меѓу Армијата и етничките вооружени групи.