Ruslan Rehimov
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека од ерменска окупација ослободени се центарот на градот Зенгилан и 6 села, како и 18 села кои гравитираат кон градовите Фузули, Џебраил и Хоџавенд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алијев во својот говор пред нацијата истакна дека од окупација се ослободени селата Дортчинар, Куртлер, Горно Абдурахманли, Каргапазар, Долно Вејсели и Горно Ајбасанли на градот Фузули, селата Сарафша, Хасанкајди, Фуганли, Имамбаги, Ташвејсели, Актепе и Јар Ехмедли на градот Џебраил, а исто така и селата Агџакенд, Мулкудере, Ташбаши, Ѓунешли и Венг на градот Хоџавенд.
Алијев истакна дека името на селото Венг од градот Хоџавенд е променето во Чинарли.
Наведувајќи дека азербејџанската Армија започнала да ги ослободува териториите на градот Зенгилан, Алијев рече дека ослободен е центарот на градот и селата Хавали, Земели, Мемедбејли, Хекери, Шерифан и Муганли, кои се под контрола на Азербејџан.