Ekip
22 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ЛОНДОН (АА) - Воздухопловниот гигант „Airbus“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку оваа земја излезе од Европската Унија, без претходно постигнат договор за идните трговски односи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата, која во Велика Британија вработува околу 14.000 лица на 25 локации, велат дека ќе го преиспитаат своето долгорочно присуство во земјата, доколку нема договор. Од „Airbus“, исто така истакнуваат дека предложениот транзициски договор кој трае до декември 2020 година е премногу краток за компанијата да го реорганизира својот ланец за снабдување.
Соопштението е објавено со оцена на ризик за компанијата поради Брегзит, која е објавена вчера.
„Во секое сценарио Брегзит има сериозни негативни последици за воздухопловната индустрија на Велика Британија и за „Airbus“, па би требало да се забрзаат мерките на итни ублажувања“, изјави Том Вилијамс, главниот оперативен директор на комерцијалните авиони на „Airbus“.