Alı H. M. Abo Rezeg
26 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека Тел Авив ќе ја врати „политиката на атентати“ против припадниците на групите на палестинскиот отпор во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за израелското армиско радио, Јисраел Кац најавува дека имало „разузнавачки активности за идентификување на оние кои ги лансираат ракетите и работат на нивно елиминирање.“
„Разузнавачките активности во моментот се фокусирани кон утврдување на тоа кој е одговорен за наредбите и инструкциите за лансирање ракети, со цел да се работи на негово ликвидирање.“
Синоќа, израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретна ракета, наводно истрелана од Појасот Газа кон југот на земјата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху присуствувал на предизборен митинг во покраината Ашкелон.
Според израелските медиуми, безбедносните сили го евакуирале Нетанјаху на безбедно, додека безбедносните сили реагирале со бомбардирање на неколку локации во Појасот Газа.