Betül Yürük
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ЖЕНЕВА(АА) - Од извори блиски на учесниците во преговорите се дознава дека следната тура средби во Женева се очекува да биде на 14-ти или 15-ти мај, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов, по средбите во Женева за сириското прашање, следната тура преговори ги најави за 10-ти мај, но специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура не даде никакво образложение.
Преговорите кои започнаа на 13-ти април под водство на Обединетите нации (ОН), треба да завршат денеска.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Де Мистура, по завршувањето на оваа тура преговори ќе го извести Советот за безбедност на ОН за текот на преговорите.
Од друга страна постојаниот претставник на Сирија во ОН, амбасадорот Башар ел-Џафери и неговата делегација денеска ќе ја напуштат Женева.
Високиот комитет за преговори составен од сириската опозиција, поради прекршувањето на прекинот на огнот и прекинот на хуманитарната помош, донесоа одлука за одложување на преговорите, и сè додека не се направи конкретен напредок во таа област, нема да учествуваат во преговорите.