политика

Јапонија соопшти дека кинеските ракети паднале во нејзината економска зона

Токио поднесе протест до Пекинг поради инцидентите

Riyaz Khaliq Khaliq  | 04.08.2022 - Обновена : 05.08.2022
Јапонија соопшти дека кинеските ракети паднале во нејзината економска зона

Истанбул

Јапонија денеска тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонскиот министер за одбрана, Нобуо Киши, тврди дека е „првпат балистичка ракета која припаѓа на Кинеската армија да слета во вода“.

„Токио поднесе протест до Пекинг поради инцидентите“, објави „Кјодо њуз“.

„Ова е сериозно прашање кое се однесува на националната безбедност на нашата земја и безбедноста на народот“, рече Киши.

Како демонстрација за моќта и лутината кон патувањето на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси во Тајван, кинеската војска лансираше ракети околу самоуправниот остров.

„Ракетните сили на Народноослободителната армија лансираа повеќе видови конвенционални ракети во неколку назначени поморски региони на Тајван, прецизно погодувајќи цели“, вели Кинеската армија.

Претходно, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, го откажа состанокот со јапонскиот колега во Камбоџа каде што двојката присуствува на Самит на Здружението на нациите на Југоисточна Азија (ASEAN).

Јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши, искажа „сериозна загриженост“ поради тековната голема воена вежба што Кина ја започна во Тајванскиот Теснец.

Хајаши на заеднички состанок, на министрите за надворешни работи на АСЕАН, Јужна Кореја и Кина им рече дека Токио очекува прашањата поврзани со Тајван да бидат „мирно решени“.

Кина организираше големи воени вежби околу Тајван, кој Пекинг го смета за своја „отцепена провинција“.

Воениот одговор доаѓа откако Пелоси слета во Тајван во вторникот вечерта во ненајавена посета, предизвикувајќи гнев кај Пекинг кој смета дека тоа е повреда на територијалниот идентитет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın