Atila Altuntaş
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
СТОКХОЛМ (АА) – Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, истакна дека на општите избори што ќе се одржат на 11 септември не планираат партнерство со Левата партија, која вее парчиња ткаенина кои ја симболизираат терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерката Андерсон во изјавата за државната телевизија СВТ (SVT) даде оценки за општите и локалните избори што ќе се одржат на 11 септември.
Осврнувајќи се на Владата што треба да се формира по изборите, Андерсон рече дека не планираат партнерство со Левата партија, која ги вее знамињата на терористичката организација ПКК.
„Не планираме партнерство со Левата партија, која ги вее знамињата на ПКК, која е означена како терористичка организација. Веењето на знамето на ПКК не е во интерес на Владата“, нагласи Андерсон.
Членовите на Левата партија позираа со парчиња ткаенина кои ја симболизираат ПКК.
Пратениците на Левата партија, Даниел Риазат, Момоду Малком Јалов и Лорена Делгадо Варас на 7 јули во градот Висби се фотографираа со парчиња ткаенина што ја симболизираат терористичката организација ЈПГ/ПКК и фотографијата ја споделија на социјалните мрежи.
Веднаш по таа објава премиерката Андерсон ги осуди пратениците на Левата партија кои позираат со обележјата што ја симболизираат терористичката организација.
Премиерката Андерсон за официјалната шведска новинска агенција ТТ (ТТ) нагласи: „ПКК е на списокот на терористички организации не само на Шведска, туку и на земјите од Европската Унија. Позирањето со ова знаме е крајно несоодветно.“
Министерот за правда и внатрешни работи, Морган Јохансон, на својот профил на Твитер, истакнувајќи дека ПКК има убиено голем број невини луѓе, рече: „ПКК беше призната како терористичка организација од Владата на Улоф Палме, во 1984 година.“
Наведувајќи дека фотографиите на пратениците на Левата партија се „неприфатливи“, Јохансон упати повик до партијата да ги запре своите активности за поддршка на ПКК.