Шведска го поддржува евроинтегративниот процес на Македонија
Милошоски рече дека на состанокот со својата шведска колешка разговарале за европските интеграции, прашањето на бегалците, за родовата рамноправност, каде што Шведска има големи достигнувања, и на други теми од областа на билатералната соработка.
Bekim Laci
18 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
SkopjeСКОПЈЕ (АА) - Посетата на заменик-претседателот на Парламентот на Шведското Кралство, Изабел Дингисан, е знак за грижата на државата за Македонија бидејќи таа доаѓа во време кога во земјата доминира политичка криза и, оттука, добро е да се слушнат совети од пријателска земја како што е Шведска, изјави по средбата со неа, заменик-претседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, јавува Anadolu Ageny (AA).
Милошоски рече дека на состанокот со својата шведска колешка разговарале за европските интеграции, прашањето на бегалците, за родовата рамноправност, каде што Шведска има големи достигнувања, и на други теми од областа на билатералната соработка.
„Добро е да се истакне дека Шведска има позитивен став за Република Македонија во однос на евроинтеграциите и дека тој став е сепартиски. Без разлика дали владејачкото мнозинство тука или таму припаѓа на левиот или на десниот центар, поддршката на енвроинтеграциите на Република Македонија од страна на Шведска е стабилна и конкретна. Цениме дека во овој момент тоа најмногу ни е потребно“, истакна Милошоски, додавајќи дека во врска со прашањето за мигрантите се согласиле дека основната цел на сите земји-членки и кандидати е нивната меѓусебна соработка, затоа што, според него, ниту една земја не може сама да го реши проблемот ако ситуацијата стане посериозна.
Заблагодарувајќи се за поканата за посета на Македонија, Дингисан изрази желба оваа посета да ги зајакне добрите билатерални односи.
Што се однесува на очекувањата од средбите што треба да ги реализира во текот на тридневниот престој во Македонија, тaa рече дека дискусиите ќе се фокусираат повеќе на состојбата на родовата рамноправност.
„Главна тема на моите средби ќе биде зголемувањето на родовата застапеност во Парламентот, бидејќи знаеме од минатото дека секогаш кога жените биле вклучени во Собранието или во процесот на донесување одлуки, доминирале пашања за семејството, образованието. Наша цел е зголемувањето на застапеноста на жените како дел од решaвањето на предизвиците пред нас“, рече Дингисан, која го покани мажите во политиката да се ангажираат повеќе за решавањето на ова прашање.
Дингисан исто така ќе се сретне и со група пратеници во Собранието за соработка со Парламентот на Шведското Кралството, а подоцна ќе одржи говор на седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.